Енрике го покажа вистинското лице на Дембеле

38
epa10372267 Angel Di Maria (L) of Argentina in action against Ousmane Dembele of France during the FIFA World Cup 2022 Final between Argentina and France at Lusail stadium, Lusail, Qatar, 18 December 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Осман Дембеле не беше во комбинација за дуелот од 2. коло од Лигата на шампионите, помеѓу екипите на Арсенал и ПСЖ. Тренерот на „светците“, Луис Енрике го исфрли од тимот, а причините ги објасни на прес-конференцијата пред гостувањето во Лондон.

Францускиот репрезентативец не ги почитуваше соиграчите и тимот, а трофејниот шпански стручњак немаше друго решение туку го исфрли од тимот.

„Ако некој не ги почитува или исполнува обврските и барањата кон тимот, тоа значи дека не е подготвен за игра. Сакам моите играчи да бидат во најдобра можна состојба на важните натпревари. Затоа беше отстранет од тимот Мојата цел е тоа што е најдобро за тимот“, изјави Енрике и додаде:

„Мислите дека е лесно да се направи тимот? Не. За да се направи тим потребни се одредени тешки потези. Вчера донесов една таква одлука, а тоа е да го отстранам Дембеле од тимот. Тоа е најдобрата можна одлука и би ја направил 100 пати по ред. Се разбира, тоа не значи дека ситуацијата е непоправлива“.

Шпанецот изјави дека има голема поддршка од клупското раководство околу одлуката за Дембеле.

“Ова е најдобриот потег за тимот во моментов. Ангажиран сум за да изградам вистински тим и ви гарантирам дека ќе го правам тоа додека сум во Париз. Сакам храбар тим кој игра убав фудбал. Јас гарантирам дека ќе играм на победа во Лондон. Така ќе биде и до последните денови во Париз, кога веќе нема да биде така, си одам дома. Управата на клубот ме поддржа во одлуката за Дембеле. Тој се уште е во тимот, но сега не е подготвен. Немам што да додадам повеќе. Не сакам да снимам никаква сапуница”.

“Како никогаш да не загубивме натпревар со него во тимот. Загубивме од Њукасл, Милан, Барселона. Страшно, страшно”, заврши Енрике.

Неколку дена подоцна, Дембеле им се извини на соиграчите и на стручниот штаб и му беше дозволено повторно да тренира со првиот тим.