ЕНИ: „Дај ми 16 милиони во кеш или ќе те оставам“

119

Сопругата на ѕвездата на Манчестер Сити, Кајл Вокер побара 18 милиони евра во кеш за да го спаси нивниот брак.

Мајката на четири деца, 31-годишната Ени Килнер, сака околу половина од богатството на ѕвездата на Манчестер Сити од 32 мил. евра за да ја поправи нивната врска, откако искусниот десен бек доби две деца со љубовницата Лорин Гудман.

Офанзивниот бек, кој заработува околу 200.000 евра неделно, минатиот викенд одигра солидно против Њукасл (1:1), но надвор од теренот неговиот приватен живот продолжува да има негативни последици.

Тензиите со Килнер неодамна се зголемија откако сестрата на Ени, Сиан, роди син по аферата со оженет маж, што влијаеше на неа бидејќи Вокер исто така стана татко на две деца со друга жена.

„Кајл и Ени се караат за се. Таа му рече дека ќе размисли да се обиде повторно само ако прво ѝ даде половина од парите. Нејзе ѝ е кажано дека има право на половина од неговото богатство ако се разделат – и таа не сака ниту денар од нејзиниот дел да оди кај љубовницата на Вокер“, изјави неименуван извор за „The Sun“.

„Таа сака независност и сигурност ако се разведат, но во исто време сака да се обиде да го задржи своето семејство заедно. Ени и Кајл разговараа со адвокати за финансиски детали и Кајл сака финансиска сигурност за Ени и нивните четири сина. Нивниот однос се менува од недела во недела, но таа не гледа начин да го спаси бракот во моментов и рече дека размислува да поднесе барање за развод“, додаде изворот.

Познато е дека сопругата и љубовницата на Вокер биле бремени во исто време и се породиле со разлика од неколку месеци.

Вокер некако успеа да ја освои Килнер и таа со децата отпатува на ЕП во Германија, додека Годман заврши на суд каде судијата ја обвини дека само се обидува да ги искористи фудбалерот и неговите пари.