Ендру Џек, легендарниот актер од „Војна на ѕвездите“ почина од последици предизвикани од вирусот корона

1020

Актерот од серијалот „Војна на ѕвездите„ Ендру Џек почина од последици од вирусот корона во 77-та година од животот.

Џил Мекала, застапник на актерот кој беше и учител по акцент на познатите, изјави дека неговиот клиент почина во вторникот наутро во болница во околината на Лондон, по компликации предизвикани од вирусот КОВИД-19.

Таа наведе дека сопругата на актерот не можела да биде покрај Ендру поради тоа што се наоѓа во карантин во Австралија, како и дека нема да може да одржи соодветен закоп поради условите што ги диктира глобалната пандемија.

Неговата сопруга напиша на Твитер: „Денес изгубивме човек. На Ендру Џек му беше дијагонистициран КОВИД-19 пред два дена“.

Џек стекна светска слава преку работата на серијалот „Војна на ѕвездите“, делумно како актер, делумно како учител по акцент, а негова заслуга е што Британецот Џон Бојега во улогата на Фин имаше таков американски акцент.

Извор:tmz.com