Само неколку месеци по доаѓањето во тимот на Реал (М), на бразилскиот интернационалец Ендрик му е јасно дека ќе биде многу тешко да добие шанса за настап бидејќи на неговата позиција има неколку исклучителни фудбалери.
Откако наполни осумнаесет години, Ендрик пристигна во Мадрид, а со Реал потпиша договор пред две години, поточно во декември 2022 година.
Овој трансфер беше проследен со голем интерес од навивачите и медиумите ширум светот, но досега неговиот живот во Мадрид не е ни блиску до ништо на што се надеваше.
Секако, на сите им е јасно дека на ретко кој би добил шанса на тие години да игра во првиот тим на Реал (М), но сите очекуваа поголема минутажа за него бидејќи покажа голем талент во Бразил.
Со оглед на тоа што Карло Анчелоти не му дава премногу можности за игра, не би било чудно доколку Бразилецот реши да замине на позајмица во клуб каде ќе има поголема минутажа.
Според пишувањата на странските медиуми, три клуба се многу заинтересирани за неговите услуги, а тоа се екипи од Шпанија, Италија и Англија.
Имено, Реал Ваљадолид би бил многу среќен да го задржи во Шпанија и да му даде многу поголема шанса за настап, а истото би го направиле и екипите на Рома и Саутемптон кои ќе се обидат да го доведат во јануари.
Ендрик неколку пати досега јасно стави до знаење дека размислува само да дава се од себе од ден на ден и да се надева дека ќе ја добие својата шанса во „кралскиот клуб“.
И покрај неговата ограничена минутажа, Карло Анчелоти е јасен дека не е загрижен поради заминувањето на Бразилецот од Реал (М).
„Не сум загрижен, тој покажува храброст да игра секогаш кога е на теренот. Врши одлична работа кога е на теренот. Тој е способен да прави некои работи за кои некои луѓе не можат ни да размислуваат. Тој има дарба да биде многу делотворен. Има нешто посебно во тој тип, а она што го краси е силата и многу брзиот шут“, изјави Анчелоти.