Ендрик не го послуша советот на родителите

55

Бразилскиот интернационалец, Ендрик, има година за паметење бидејќи летово направи фантастичен трансфер од Палмеирас во Реал (М) за речиси 50 мил. евра.

Младиот напаѓач веднаш се најде во центарот на вниманието на јавноста кога во едно интервју изјави дека еден од неговите идоли кога растел бил Боби Чарлтон, поради што многумина се потсмеваат со него.

На неговите соиграчи од Реал им беше смешно, што го спомна легендарниот Англичанец, и веднаш му го дадоа прекарот „Боби“.

Токму кога ситуацијата малку се смири, 18-годишниот напаѓач повторно е на насловните страни во медиумите, а овој пат се работи за неговиот приватен живот.

Тој се огласи на социјалните мрежи и потврди дека одлучил да се ожени со Габриели Миранда. Таквиот негов потег е повеќе од неочекуван ако се знае дека се во врска неполна година.

Ендрик штотуку го прослави својот 18 роденден пред два месеци и не се очекуваше толку брзо да стапне на „лудиот камен“ па дури ги изненади и родителите.

Бразилските медиуми пишуваат дека родителите на Ендрик биле против бракот со Габриела бидејќи сметаат дека тој се уште е премлад за таков чекор, а очигледно не се премногу ентузијасти за манекенката која е пет години постара од нивниот син.

Тие се запознале кога Ендрик имал само 16 години и веднаш почнале да кружат гласини дека таа била со него за неговите пари.

Иако родителите на Ендрик биле против бракот, тој ги игнорирал нивните совети и решил да се ожени.

Секако, доста интересни се и коментарите на социјалните мрежи, а многумина го предупредуваат младиот напаѓач дека Габриели е со него само за пари и дека се згрозени што го заведувала Ендрик додека тој бил малолетен.

Сепак, на крајот сето тоа го игнорирале и решиле да се венчаат, велејќи дека нивната љубов е посилна од се и дека тоа ќе го докажат.