Енди Мареј ги шокираше фановите: Мојата кариера завршува! (Видео)

44

Британскиот тенисер Енди Мареј најави дека оваа година ќе се пензионира, а можеби токму Австралија опен ќе му биде последниот турнир. Тој учествува на турнејата во Бризбејн по една година отсуство поради операцијата на колкот.

По низата повреди, операцијата и обидот да се рехабилитира и врати на теренот, Мареј се уште е неизвесен за првиот грен слем сезонава, иако неговото учество е потврдено. Светот овој пат се шокираше со информацијата која ја соопшти Мареј дека ќе ја заврши својата кариера годинава. Евидентно е дека крајот е премногу близу.

Британецот откри дека крајот на кариерата ќе ја заврши со настапот на Вимблдон, но исто така вели дека се плаши дали воопшто ќе може да издржи. Тој на последната прес – конференција беше премногу емотивен, дури и по кратките одговори на прашањата со солзи во очите ја напушти салата за конференции, но набргу потоа се врати и го продолжи разговорот со новинарите.

  • Вимблдон е местото каде што сакам да ја завршам кариерата, но не сум сигурен дали ќе успеам во намерата. Не можам засекогаш да продолжам во овој ритам кога не знам дали постои момент кога сето ова ќе го надминам. Тоа му го кажав и на мојот тим, вели Британецот.

Енди додаде дека се уште чувствува болку во колкот по операцијата и терапијата.

  • Не се чувствувам добро. Многу долго се борам и во последните 20 месеци константно чувствувам силни болку. Мислам дека пробав се што е можно за да се рехабилитирам, да го донесам колкот во добра ситуација, но ништо не ми помогна. Не сум сигурен дали ваквите болки ќе ми овозможат да играм уште четири или пет месеци. Можам да играм, но во одредени граници. Но, во тоа ограничување и болки не можам ни најмалку да уживам во тренинзите и мечевите, истакна Шкотланѓанецот.

Мареј стана профеционалец во 2005 година. Од тогаш освои 45 титули, од кои два грен слема на Вимблдон и еден на САД Опен. Три пати освои медал на Олимписките игри, од кои две злата во Рио и Лондон, како и бронза во Лондон во мешани парови. БЕше прв рекет во светот во 2016 година кога победи и на завршниот турнир.