Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Емерсон Ројал. Офанзивниот бек, кој е проценет на околу 20 мил. фунти, во минатото го носеше дресот на Бетис и на Барселона, а пред неколку недели изјави дека му се допаѓа опцијата да направи кам-бек во шпанската Ла Лига.