Поголемиот дел од фудбалските медиуми во Англија започнаа „расправија“ околу тоа дали лондонскиот премиерлигаш Челзи, треба да ја прекине соработката со италијанскиот стручњак Маурицио Сари и менаџерската позиција да ѝ ја понуди на Ема Хеијс, кој е предводник на женскиот тим на Челзи.

Под нејзино водство, женскиот тим на Челзи по трет пат ја освои Суперлигата, а лондонскиот клуб беше дел и од полуфиналниот дуел во Лигата на шампиони. Машкиот тим заврши како третопласиран во Премиер лигата, а за неколку дена ќе го одигра и финалниот натпревар од Лига Европа во кој за противник го има градскиот ривал Арсенал.

Без разлика на постигнатите резултати, Сари е многу блиску до кам-бек во Италија најмногу поради лошата атмосфера во клубот и затегнатиот однос со најверните фанови. Раководните лица пак сериозно размислуваат да направат потег кој до сега не бил направен во Премиер лигата, да вработат менаџерка.

Англискиот новинар, Роб Драпер, тврди дека Ема барем заслужила да седне на преговарачката маса со клупските челници, но додава дека ќе биде многу изненаден доколку се случи такво нешто.

  • Новиот менаџер ќе биде именуван од страна на Марија Грановскаја, една од неколкуте жени кои се дел од управувачката структура. Можеби вакво нешто ќе стане реалност за две до три години, изјави Драпер.

Хеијс би добила соблекувална полна со ѕвезди и затоа има дилема дали е во состојба да воспостави ред на „Стемфорд Бриџ“.

  • Доколку клубовите таквата ситуација ја третираат како сериозна опција, тогаш можно е да се реализира таквата интеграција. Дали постојат неколку женски личности кои биле на највисоките можни позиции во професионалните клубови? Јас не знам ниту една. Зборуваме за менаџерка која би требало да биде предводник на клуб кој се натпреварува во Премиер лигата. Доколку нема таква личност околу тренерскиот тим, тогаш станува збор за голем скок кој мора да биде направен, изјави новинарот Џејмс Дакер.