Екс ЈУ ѕвездата Ален Исламовиќ на Фестивалот на трубите во Пехчево

203

Поп-рок пејачот Ален Исламовиќ заедно со својот бенд „Кад би био бијело дугме“ ќе биде главна ѕвезда на деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри што од 12 до 13 јули ќе се одржи во Пехчево, во организација на локалните власти.

“Традицијата на трубите во Малешевијата, понудена како атракција на натсвирување на македонските виртоузи на труба, претставува туристичка понуда за гостите во Малешевијата, но и економски бенефит за локалната економија.

Исламовиќ, пак, на 13 јули ќе одржи голем концерт на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Публиката ќе има ретка привилегија заедно со него да ги отпее сите негови старо-нови хитови во еден здив“, посочуваат од општината Пехчево.

Се очекуваат најголемите виртуози на трубата и познати пејачи од земјава и странство да настапат на прекрасната сцена на плоштадот во Пехчево.