Екс австралиски вицепремиер снимен како лежи мртов пијан на улица: Вели измешал алкохол и лекови/ВИДЕО

95

Големи реакции во Австралија предизвика видеото кое кружи на интернет на кое се гледа како поранешниот вицепремиер на земјата Барнаби Џојс пијан лежи на земја и го заглушува телефонот додека зборува.

На снимката може да се види како Џојс лежи на улица во областа Брендон и пцуе  додека очигледно разговара со својата сопруга.

По оваа случка, Барнаби Џојс призна дека конзумирал алкохол откако Парламентот се прекина во 22 часот тој ден.

“Направив голема грешка. Немам оправдување. Но, има објаснување. Јас сум на лекови и има несакани ефекти ако пиете алкохол во исто време и тие излегоа стопроцентни, рече поранешниот премиер на Австралија.

Вреди да се напомене дека тој ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека „ова не е моја одлука. Нема да влегувам во бесконечен дијалог за тоа што другите луѓе сакаат да правам“.