По најтоплиот септември во историјата на мерењата, температурите во октомври ги надминуваат границите на просечните температури за овој период од годината, а дневните максимални дури достигнуваат летни вредности од 25 или повеќе степени Целзиусови.
На прашањето зошто е тоа така и што се случува во атмосферата, објасни метеорологот Слободан Совиљ, раководител на Националниот центар за хидрометеоролошки систем, рани соопштенија и предупредувања при српскиот РХМЗ, за „Блиц“.
– Периодот од 1 септември до денеска беше под влијание на многу топол воздух од медитеранскиот регион и температурата е значително над просекот.
Тој посочува дека и до крајот на овој месец нема да има значителни промени и отстапувања, со оглед на тоа што топлото време ќе продолжи, а ако се погледне досегашниот тек на есента, таа беше потопла од најтоплата забележана досега во 2019 година.
Според досегашните показатели, извесно е дека есента оваа година ќе биде на врвот на листата на најтопли. Останува уште да помине ноември, велат од српскиот РХМЗ, за да можат да ја направат конечната статистика, но во секој случај септември и октомври се на врвот на таа листа.
– Покрај присуството на топла воздушна маса од медитеранскиот регион, за овие аномалии придонесе и глобалниот пораст на температурата, односно климатските промени, чиј ефект се, се повисоките температури во сите сезони од годината кај нас. Има многу топотни рекорди и топлотни аномалии – вели Слободан Совиљ за „Блиц“.
Совиљ посочува дека септември во целост беше на врвот на листата на најжешките, а истото ќе се случи и со годинешниот октомври, само го чекаме крајот на месецот за конечната статистика.
„Сегашните позитивни отстапувања во октомври се уште поголеми од септември, со оглед дека до крајот на месецот, поточно до 5 ноември не треба да се очекува значително заладување. Топлите аномалии ќе продолжат. Во наредните денови ќе има минлива повремена облачност со краткотраен дожд, но падот на температурата предизвикан од оваа облачност е многу мал, незначителен и нема многу да влијае на максималните температури на воздухот“ – заклучува Слободан Совиљ.
https://www.vecer.press/%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b2%d1%80%d1%82%d0%bb%d0%be%d0%b311-%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b8-%d1%81%d0%bd%d0%b5%d0%b3-%d0%b4%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bd/