Експлозија ја крена во воздух познатата НБА арена (Видео)

55

Експлозијата на покривот од „Бредли центар“ во Милвоки ја означи финалната фаза од рушењето на легендарната арена која триесет години беше дом на кошаркарите на Милвоки.

Франшизата од Висконсин ги префрли своите активности во новоизградениот „Фисерв Форум“ (2016 година), кој е во вредност од половина милијарда долари. Поради тоа, стариот дом започна да се руши се со цел да се изгради нов објект на истото место.

Имено, покривот на арената беше урнат со контролирана експлозија каде пристуствуваа бројни фанови на „бакс“. Ова беше емотивен момент за нив. Инаку, оваа арена беше отворена во октомври 1988 година.

Што се однесува до натпреварите во НБА лигата, кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари, ја одигра најдобрата партија оваа сезона, запишувајќи 48 поени, од кои 11 тројки, во победата над Далас со 119:114. На спротивната страна повторно одлично издание имаше Лука Дончиќ, која забележа 26 коша.

Резултати: Њујорк – Филаделфија 105:108, Вашингтон – Торонто 138:140 (по две прод.), Атланта – Милвоки 114:133, Орландо – Хјустон 116:109, Далас – Голден стејт 114:119, Денвер – Портланд 116:113, ЛА Лејкерс – Кливленд 95:101.