Експлозија на цистерна на Хаити: Најмалку 15 лица загинаа, а 40 се тешко повредени

23
Фото:принтскрин, видео Х

Камион цистерна со бензин се преврте и експлодираше денеска на Хаити, при што загинаа најмалку 15 лица, а 40 се тешко повредени, соопштија властите.

Премиерот Гери Конел ги наведе бројките во објава на социјалната мрежа Х.

 

Болниците во Хаити се слабо опремени за лекување на жртвите со тешки изгореници.

Земјата со 12 милиони жители се бори и со недостиг на гориво бидејќи борбите со банди го отежнуваат увозот на стоки во земјата.

Експлозијата се случи во Мирагоан, град со 60.000 жители, кој беше погоден од силен земјотрес пред три години.

Во 2021 година, 75 луѓе загинаа во вториот по големина град на Хаити, Кап Хаитиен, кога друг камион со гориво се преврте и експлодираше.

Некои од жртвите биле очевидци на несреќата, кои се упатиле кон камионот во обид да го соберат истуреното гориво.