Експлозија во фабрика за ракети во Србија, по загинатите и повредените се трага со дрон

140
Командантот на белградските пожарникари Милош Мајсторовиќ вели дека при пристигнувањето констатирана е експлозија во магацинот за ракетно гориво со површина од 240 метри квадратни.
 „Во овој момент пожарникарите ја стабилизираа ситуацијата и го пребаруваат теренот и со помош на дрон со термичка слика лоцираат евентуални жртви и повредени“, рече Мајсторовиќ, пренесува курир.рс.
Тој потврди дека двајца загинале, а екипите успеале да спасат четири лица. Во моментот дежураат 4 противпожарни возила со 16 пожарникари и го пребаруваат теренот“, рече тој.
Додаде дека причината за пожарот не е позната, а ќе се знае по завршување на спасувачката акција.