ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗГРАДАТА НА СУДОТ ВО КАЛИФОРНИЈА: Две лица повредени, приведен еден осомничен

68

Две лица се повредени во експлозија во средата наутро во судот во Јужна Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена непосредно по 8:45 часот во Судот во Санта Марија во северниот дел на округот Санта Барбара, соопштија официјални лица на шерифот.

– Имаме две пријави за повреди кои не се опасни по живот. Едно лице е веднаш приведено. Местото е сеуште активно. Ве молиме, продолжете да ја избегнувате областа“, рече службеничката за јавно информирање на округот Санта Барбара, Ракел Зик, на платформата за социјалните медиуми X.

Портпаролот на Одделот на шерифот на округот Санта Барбара одби да даде дополнителни информации.

Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом соопшти дека „активно ја следи“ ситуацијата и се координира со локалните органи за спроведување на законот.

Во судот се сместени државните и окружните судови во градот со 110.000 луѓе на јужниот раб на централниот брег на Калифорнија, околу 150 милји северозападно од Лос Анџелес.