Со експериментален третман го излечила ракот! Хрватска научничка си вбризгала вирус што наменски го одгледала за да ја потисне болеста

311

Угледното научно списание Nature, како и бројни други медиуми, неодамна ја објави приказната за хрватската научничка Беата Халаси, која успешно го потиснала сопствениот рак на дојка со вбризгување на вирус што сама го одгледувала во лабораторија.

Беата Халаси, виролог од Универзитетот во Загреб, во 2020 година открила дека има рак на дојка од трета фаза на местото каде што претходно и биле отстранети градите поради тумор. Тоа беше второ враќање на ракот по мастектомијата на левата дојка, а Халаси не сакаше повторно да оди на хемотерапија.

Халаси ја проучувала литературата и решила да го третира т.н онколитичка виротерапија (OVT), со користење на два вируса кои сè уште не ги поминале клиничките испитувања. Таа беше свесна за ризикот од сериозни несакани ефекти, особено поврзани со вирусот на везикуларен стоматитис (VSV). Иако е познато дека овој тип на VSV предизвикува невротоксичност кај приматите, во овој случај таква појава не е забележана по интратуморна администрација, пишува Nature.

Нова терапија во развој
OVT е иновативен пристап за третман кој користи вируси за да ги нападне клетките на ракот и да го активира имунолошкиот систем. Иако повеќето клинички испитувања се спроведени на пациенти со напредни стадиуми на рак, терапијата сега се истражува и за раните фази на болеста. Еден тип на OVT, наречен T-VEC, е одобрен во САД за третман на метастатски меланом, но во моментов не постојат средства одобрени за третман на рак на дојка.

Третман со два вируси
Халаси користела два вируса – вирусот на мали сипаници и вирусот на везикуларен стоматитис. Циклусот на терапија траел два месеци, при што таа директно вбризгувала вируси во туморот. Видот од Едмонстон-Загреб на поксвирус беше избран поради неговата безбедност и способност да ги таргетира клетките на ракот на дојката преку специфични рецептори, додека VSV е познат по неговата ниска патогеност кај луѓето.

Вирусите што таа ги користела не биле генетски модифицирани, туку подготвени во лабораторија. Онколозите го следеа третманот за да можат да интервенираат со конвенционална терапија во случај на компликации.

Голем успех
Третманот бил успешен – туморот значително се намалил, омекнал и се одвоил од кожата и мускулите, што овозможило негово успешно отстранување со операција. Халаси потоа подлежела на едногодишна терапија во согласност со протоколите за лекување на рак на дојка.

Пред овој експериментален третман, нејзиниот рак се враќал двапати локално во интервали од 22 и 21 месец. Спротивно на тоа, по терапијата со ОВТ, Халаси е во ремисија веќе 45 месеци. Анализата на туморот по отстранувањето покажа присуство на имунолошки лимфоцити, што сугерира дека терапијата предизвикала имунолошки одговор.

Халаси го објави својот случај во списанието Вирологија, што поттикна дискусии за етиката на независен експериментален третман, но исто така ја отвори вратата за понатамошно истражување на онколитичката виротерапија.