ЕКО-АКЦИИ НИЗ ГРАДОТ: Собрани 30 тони смет, суви лисја и гранки

77

Еко-акции за чистење на околината се спроведоа на две локации низ градот. Вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и со логистичка поддршка од општина Аеродром, собраа 30 кубни метри смет, суви лисја и гранки од дворовите на овие две институции.

– Оваа еко-акција е мал придонес на вработените во АФПЗРР за разубавување на околината и намалување на загадувањето на животната средина и воздухот. Со оваа акција сакаме да покажеме поголема општествена одговорност и грижа за животната средина – велат од АФПЗРР.

Од АХВ упатија порака за подигање на свеста за значењето на чистата животна средина и намалувањето на аерозагадувањето. Општина Аеродром, пак, ги стави на располагање своите сезонски работници, камиони, косилки-тримери, гребла, мотики, лопати и друга опрема за чистење.