Економијата на Германија стагнира, а извозот е во пад

26

Економските проблеми на Германија се централен проблем за Еврозоната и Европската централна банка, која се обидува да го стимулира растот и инфлацијата со негативни каматни стапки, и да купи обврзници со само печатени пари, наведува Associated Press.

Германија долги години е лидер во производството и извозот, но тие сектори сега се соочуваат со застој додека потрошувачката и услугите остваруваат подобри резултати, поради што земјата не влезе во рецесија.

Аналитичарот од компанијата ING Deutschland, Карстен Барзески истакна дека сега се чини неодамна изразените надежи за раст се прерани.

Еден од факторите на стагнација на економскиот раст на Германија е забавувањето на глобалната трговија и неизвесноста предизвикана од американско -кинескиот трговскиот спор.

Вториот е структурна промена во индустријата, особено во производството на автомобили, каде компаниите мора да инвестираат повеќе од милијарди евра во развој на електрични возила и нови услуги засновани на апликации за мобилни телефони за да ги исполнат регулативите за емисии на штетни гасови и да се изборат со новата конкуренција од технолошките индустрии.