Македонија е трета на светот по индексот на „вишок на смртност“ во периодот од 1 април до 30 јуни 2021 година, покажало истражувањето на британскиот магазин „Економист“.
Според овие податоци, 5.400 луѓе починале од корона вирус во Македонија, овој период, а генералниот „вишок на смртност“ (во споредба со 2020 година) е 10.040
„Економист“ од овие податоци го извлече „индексот на вишок на смртност“ на 100.000 граѓани, а во случајот со Македонија индексот е 483.
Пред Македонија на оваа табела се само Бугарија со 18.210 починати и индекс 509 и Перу 197 360 починати од ковид 19 и со индекс од 589.
ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА
„Економист“ дојде до овие бројки користејќи мерка позната како „прекумерна смрт“, која го зема бројот на луѓе кои умираат од која било друга причина и го споредува со историскиот просек од последните години. Економист користеше статистички модели за да го предвиди бројот на смртни случаи што секоја земја ќе ги регистрира доколку ситуацијата е „нормална“ во периодот опфатен со истражувањето.
Кои се причините за оваа „вишок смртност“? Првата е дека официјалната статистика во многу земји ги исклучува жртвите кои не биле тестирани за корона вирус пред смртта, што може да биде голем број на места каде што не се тестираат многу.
Друга причина е што болниците и бирократијата не обработуваат потврди за смрт со денови, па дури и недели, што доведува до одложување на податоците.
И третата причина е што пандемијата им отежна на лекарите да лекуваат пациенти со други симптоми и ги обесхрабри луѓето да одат во болници од страв да не се заразат, што индиректно може да предизвика скок на бројот на смртни случаи од други болести, освен ковид-19.