Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај кавадаречкото село Марена

40

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што вечерва се случила кај кавадаречкото село Марена. Ова го потврдија за МИА од Службата за итна медицинска помош. Началникот на службата, доктор Ратко Грков рече дека според првичните информации, полесно е повредено уште едно лице. Двете лица биле пренесени во кавадаречката болница.

Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, појасни за МИА дека во тешка сообраќајка едно лице е потешко повредено и пренесено во општа болница Кавадарци. Се судриле товарно моторно возило Сканија и патничко моторно возило голф, двете возила со кавадаречки регистарски ознаки. Засега не можеше да каже повеќе детали.

На самото место интервенирала и противпожарната служба, бидејќи имало заглавено лице во возило.