Едно лице повредено во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш

33

Едно лице е повредено во сообраќајката што се случи во 18:10 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Сулдурци.

Информацијата ја потврди заменикот портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале два автомобила.

Заради несреќата сообраќајот на патот Струмица-Радовиш беше во прекин повеќе од два часа и се пренасочуваше по стариот пат.

Извор:МИА