Едно лице загина, 11 исчезнати во поплавите во северна Италија

32

Едно лице загина и 11 други се водат за исчезнати во големата поплава во северна Италија, соопштија денеска властите по силниот дожд во текот на ноќта.

Цивилната заштита соопшти дека волонтер пожарникар загинал во Вал д’Аоста за време на спасувачка операција, а регионалните власти соопштија дека 11 лица се водат за исчезнати во регионот Пиемонт, каде неколку села останаа отсечени.

Извор:МИА