За време на прославата на новогодишната ноќ, едно лице загина при експлозија на петарда во Хагено во близина на Стразбур, јави дописникот на МИА.

Едно лице е убиено беше во новогодишната ноќ во вторникот, во Хагено, во Долна Рајна Рин, жртвата е 27-годишен маж при користење на петарда со огромна моќ, т.н. „топовски удар“.

Употребата на петарди во регионот иако е забранета од властите сепак, секоја година доведува до сериозни повреди при прославата на Нова година.

Според полицијата, новогодишната ноќ била доста немирна во Стразбур и неговите соседни општини, иако нема објавени податоци, има поголем број на запалени автомобили, а се вели дека има повеќе уапсени лица, а имало и повредени меѓу кои и припадници на силите на редот.

Притоа имало запалени автомобили, чиј број не е исто така даден, феномен кој е доста присутен во Стразбур последниве децении и кој потоа се прошири во цела Франција. Засега според радиото Франс Интер, палење на автомобили имало и во Колмар исто како и напади врз силите на редот со пиротехнички средства за огномет или со други предмети. Лицата кои ги опожаруваат автомобилите најчесто се во групи и со качулки, најчесто млади, па дури и малолетни, соопшти директорот на одделот за јавна безбедност на Долна Рајна, Ени Брегал.

Градоначалникот на Стразбур, Роланд Рис, испрати порака преку социјалните мрежи апел „за смиреност и почит кон другите“.