Едно загинато лице во сообраќајката на патот Кичево-Охрид

162

Едно лице загина, а има и повредени лица во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Во сообраќајката се судриле „фолксваген пасат“ и „сузуки марути“, двете со кичевски соoбраќајни ознаки.

Сообраќајот е во прекин, а полицијата врши увид.