Историскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Јутјуберот Џејк Пол може да биде откажан. Спектаклот беше најавен за ноќта меѓу петокот и саботата, односно 16 ноември, а борвата се очекуваше да започне меѓу четири и пет часот наутро. Сепак, до последен момент нема да се знае дали мечот ќе се одржи, а причина се лекарските прегледи на кои ќе треба да помине прославениот боксер.
Билетите се широко пуштени во продажба, се очекува рекордна посетеност и присуство на повеќе од 80.000 луѓе. Сепак, за борбата воопшто да се случи, Мајк Тајсон ќе мора да ги помине сите здравствени процедури, за да добие одобрение од Одделот за лиценцирање и регулирање на Тексас (TDLR).
Постапката вклучува скенирање на срцето и мозокот, т.е. ЕЕФ (електроенцефалографија) и ЕКГ (електрокардиограм) се задолжителни. Во случај резултатите да не се добри, TDLR нема да дозволи Тајсон да влезе во рингот. Меѓу другото, бројни експерти за боречки вештини долго време советуваат дека луѓето на возрас како Тајсон не треба да се борат.
Тајсон има 58 години и во текот на кариерата постигна рекорд од 50 победи, шест порази и два меча завршија нерешено, а неговиот потенцијален противник е 31 година помлад. Пол има скор од 10-1, вклучувајќи победи над Јутјуберите и некои ММА ѕвезди. Неговиот единствен пораз беше против Томи Фјури, професионален боксер и брат на славниот Тајсон.