Една ноќ во бунгаловот „Мерилин Монро“, можност да се биде како во нејзината кожа /галерија

199

Хотелот „Беверли Хилс“ неодамна отвори луксузен бунгалов инспириран од ликот на Мерилин Монро. Бунгаловот на актерката која често престојувала во хотелот „Бевели Хилс“ е дел од проект во кој пет историски бунгалови се уредени според животниот стил на холивудските ѕвезди кои често ги посетувале.

Бунгаловот „Мерилин Монро“ ја одразува нејзината гламурозна и разиграна личност, а е исполнет со закривен мебел, апстрактни подни облоги и златен таван. Исто така, гостите кои ќе престојуваат во бунгаловот ќе добијат и мирисен сапун Шанел 5 и производи за капење како и пристап до класичните филмови и книги за Мерилин, секако, и шише од нејзиниот омилен Дом Перињон.

Почетната цена за ноќевање во бунгаловот е 8,500 долари. Ако сте нејзин фан, или сакате барем на една вечер да се почувствувате како во нејзината кожа, направете си ментална проба гледајќи ги фотографиите кои ќе ви доловат што можете да очекувате.