На албанскиот премиер Еди Рама му била направена операција на слепото црево, а сега тој се опоравува во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“, пренесуваат албанските медиуми.
Синоќа по неколку тестови му бил констатиран акутен апендицитис, по што било одлучено да се направи операција.
Од болницата известија дека операцијата била успеашна и Рама е добро.