Единаесет повредени на летот на Луфтханза од Буенос Аирес за Франкфурт поради силни турбуленции

124

Летот LH511 на Луфтханза, од Буенос Аирес (ЕЗЕ) до Франкфурт (ФРА), наиде на силни турбуленции над Атлантскиот Океан, при што беа повредени 11 лица. Инцидентот се случил во вторникот на 12 ноември, а меѓу повредените има пет патници и шест членови на екипажот, кои по слетувањето веднаш биле префрлени во болница во Франкфурт на лекарски преглед и понатамошно лекување.

Портпаролот на Луфтханза нагласи дека безбедноста на летот е постојано под контрола и дека повредите се претежно од полесна природа. „За жал, пет патници и шест членови на екипажот се повредени, но безбедноста на авионот не е загрозена“, соопшти Луфтханза. Летот го изврши Боинг 747-8, рег. D-ABYP, стар 10,5 години, а во авионот имало 329 патници и 19 членови на екипажот.

Турбуленции се случија во интертропската зона на конвергенција, област позната по атмосферска нестабилност, што предизвика леталото да се движи ненадејно и непредвидливо. Податоците од веб-страницата FlightRadar24 покажуваат дека авионот во еден момент доживеал ненадеен пад на брзината од 511 јазли (приближно 946 км/ч) на 180 јазли (333 км/ч), но набрзо се стабилизирал и продолжил со нормална брзина од 517 јазли.

За време на обидот да се избегнат турбуленциите, авионот се искачил од 33.000 на 35.000 стапки, но некои патници кои не беа врзани со ремен, се здобиле со повреди. Оваа информација ја потврдува изворот на AirLive.net кој изјавил дека турбуленциите биле исклучително силни.

Луфтханза пружила медицинска помош по пристигнувањето на авионот во Франкфурт.