Еден загинат и двесте повредени во антивладин протест во Ирак

56

Еден човек загина, а 200 се повредени денеска во судирите на антивладините демонстранти и безбедносните сили во главниот град на Ирак, Багдад, соопштија ирачките власти.

Билансот беше објавен во заедничката изјава на ирачките министерства за внатрешни работи и за здравство, по неколку часови протести што ги собраа демонстрантите на главниот плоштад Тахрир. Полицијата употреби боева муниција, гумени куршуми и солзавец за да ги растера.

Во соопштението се вели дека меѓу 200 повредени, 40 се припадници на безбедносните сили.

Повеќе од илјада Ирачани протестираа денеска во центарот на Багдад за да бараат работа и функционални јавни служби.