Еден ден пред Најлудата ноќ во годината, на 30 декември Скопје и музички ќе блесне како никогаш досега. Причина за тоа што пристига светското кабаре „Еуфорија“ . Спектакл за сите наши сетила.
Во „Македонската опера и балет“ тоа нема да биде само обично шоу . Ќе биде брилијантен спој на уметност, гламур и страст кое ги обединува сите генерации. Уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчари, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација на креативци кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметнички празник и за очите и за душата.
Со преку 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе раскажат една исклучителна приказна – која ги спојува стилот, танцот и музиката во три различни сегменти.
Првиот дел – класичното кабаре кое публиката ќе ја пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре кое оживува со смели движења и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето е со најголемите балкански и светски хитови, претворајќи ја сцената во еуфорична новогодишна забава. Секој момент е прецизно осмислен за да создаде незаборавен настан. На 30 декември, публиката ќе дозне зошто уметноста не треба само да се гледа, туку и да се почувствува.
Затоа, подготвувајте се за вечер која ќе ја разбуди секоја наша потреба за бесконечна убавина и смислата на живеење.