Еден дел од пилешкото е штетно по здравјето

393

Иако многу луѓе мислат дека одредени делови од пилешкото се богати со хранливи материи, вистината е далеку од тоа. Пилешкото е добар извор на витамин Д, калциум и протеини, а содржи и холин, кој е важен за функциите на мозокот и меморијата.

Иако ретко кој може да му одолее на ова месо, експертите предупредуваат дека не се сите негови делови здрави и дека не се препорачува често консумирање.

Истражувањето спроведено во Кина откри дека пилешката кожа е многу штетна за здравјето. Овој дел се состои речиси исклучиво од масти и може да содржи бројни бактерии.

Многу луѓе мислат дека кожата од нозете, батаците и пилешките гради нуди колагенски влакна, но тоа не е точно. Во реалноста, тоа не придонесува за внесување на колаген и може да и наштети на вашата фигура.

Добро размислете пред следната консумација. Црниот дроб е уште еден дел што треба да се избегнува. Иако е богат со витамин Б12, содржи и големи количества масти кои можат да го подигнат холестеролот. Белото месо се препорачува бидејќи содржи многу протеини, малку масти и калории, што го прави одличен избор за оние кои сакаат да ослабат или да ја задржат тежината, пишува Health Digest.