Еден вработен во Зоолошката градина ќе се тестира за птичји грип, за посетителите нема ризик, уверува директорката на ИЈЗ

37

Нема да одат во карантин или изолација, но сепак четворица вработени во скопската зоолошка градина во следните две недели ќе бидат под постојан медицински надзор, велат од Институтот за јавно здравје по спроведена епидемиолошка анкета на 15 вработени. Еден од четворицата веќе утре ќе биде тестиран за птичји грип бидејќи пред два дена имал температура и дијареа кажа директорката Марија Андоновска, која посочи дека и покрај тоа што имал симптоми тоа не значи дека е заразен со вирусот. Андоновска на пресконференција кажа дека епидемиолошка анкета треба да се спроведе и на уште еден вработен кој досега не успеале да го исконтактираат.

Во однос на посетителите во Зоолошката директорката на Институтот посочи дека ризикот за зараза е мал бидејќи за да се пренесе птичјиот грип потребен е близок контакт со заразено животно.

Од Агенцијата за храна и ветеринарнство пак попладнево излегоа со соопштение во кое велат дека тие постпаиле согласно процедурите за вакви случаеви и обвинија дека од иако од скопската зоолошка детектирале угинато животно уште во понеделникот сепак навремено не го пријавиле случајот ниту кај надлежниот ветеринар, ниту во кај нив…

– На ден 18.10.2024 год за жал на сите нас е добиен наод со кој е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска. И покрај ваквата информација, повторно ЗОО Скопје не почитувајќи ги законските прописи не ја извести АХВ на законски пропишаниот начин. Сомнежите за ЗОО Скопје дали е извор на бактерии или вируси, дали е постапувано и досега согласно Законските прописи, угинување на многу животни за краток временски период и низа нерегуларности ќе бидат предмет на дополнителни истражувања од надлежните органи. – АХВ.

За вчерашниот хаос во зоолошката градина пристигнаа низа реакции. Со остра критика по видео снимите кои вчера ги објави зоолошката градина, а на кои се гледа како вработени од агенцијата со пушки усмртија 35 птици, а дел од нив живи ги складираа во канти за отпадоци се огласија и од Анима мунди одкаде повикаа на итен прекин, разум и одгооврност. Од политичките партии ЛДП и ВМРО ДПМНЕ пак ја повикаа на одговорност скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Скопската зоолошка градина вчера беше затворена за посетители во рок од три недели, период во кој ќе се следат и останасите животни и ќе се изврши дезинфекција.