Еден витамин го зголемува ризикот од инфаркт – го внесуваме секојдневно, а еве каде го има во најголеми количини

15890

Високото ниво на ниацин, есенцијален витамин Б3, може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Во извештајот објавен во списанието Nature Medicine, потврдено е дека ниацинот може да предизвика воспаление и да ги оштети крвните садови. А колку е важна оваа информација најдобро покажува фактот дека ниацинот се наоѓа во многу видови храна, вклучувајќи месо, леб, риба и корнфлекс, според MSN.com.

Препорачаната дневна доза на ниацин е 16 милиграми за мажи и 14 милиграми за небремени жени.

Статистиката покажува дека 25 отсто од Американците имаат повисоки нивоа на ниацин од препорачаните, вели авторот на студијата д-р Стенли Хејзен од Институтот за истражување Лернер во Кливленд.

– Луѓето треба да избегнуваат суплементи со ниацин, бидејќи постојат сигурни докази дека може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести – тврди Хазен.

– Ниацинот се користи од 1940-тите, откако научниците открија дека многу ниски нивоа на ниацин може да доведат до потенцијално фатална болест наречена пелагра. Исто така, со години лекарите препишуваат ниацин како начин за регулирање на холестеролот – објаснува Хазен.

За време на нивното истражување, научниците користеле примероци од крв од повеќе од илјада пациенти. Критични супстанци кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања се пронајдени само во примероци со зголемени количини на ниацин.

По друга студија во која учествувале 3.163 луѓе од Америка и Европа, утврдено е дека супстанцата под шифра 4PY, која е одвоена од ниацин, значително го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, пренесува Среќна Република.

Следеа студии на глувци и кога им беше вбризгано 4PY, воспалението во нивните крвни садови се зголеми.

– Овие резултати се многу значајни и би можеле да доведат до откривање на лекови кои би можеле да го намалат воспалението на крвните садови и да го намалат ризикот од срцеви заболувања – вели д-р Роберт Росенсон од клиниката Маунт Синај.

Тој додаде дека прехранбената индустрија ќе ги земе предвид овие податоци и ќе престане да користи ниацин во толку големи количини во лебот и другите намирници.