Во вториот квартал од оваа година, економијата на ЕУ порасна повеќе од очекуваното, но економската активност се намали во Германија, водечката европска економија.Бруто домашниот производ (БДП) на ЕУ порасна за 0,3 отсто во вториот квартал во 20-те земји кои го користат еврото, покажуваат официјалните податоци што денеска ги објави статистичката агенција Еуростат.

Германија, пак, имаше пад на БДП од 0,1 отсто.

На ниво на еврозоната, растот следи слично остварување од 0,3 отсто од кварталот јануари-март, што беше прв значаен раст по повеќе од една година стагнација околу нулата.

Спротивно на тоа, американската економија порасна за 0,7 отсто во вториот квартал во однос на првиот, или 2,8 отсто на годишна основа.

Американските потрошувачи трошат слободно, додека државните трошоци од повисоките буџетски дефицити и субвенциите за деловни инвестиции во обновлива енергија, исто така, придонесуваат за растот на САД.Во Европа е тешко бидејќи потрошувачите никогаш не штеделе повеќе од сега, додека владите исто така ги ограничуваат трошоците за да ги намалат буџетските дефицити.

Според прелиминарните проценки, германската економија неочекувано падна за 0,1 отсто во вториот квартал од 2024 година во однос на првиот квартал од оваа година, објави денеска германската Федерална статистичка служба (Дестатис).

Пазарите очекуваа спротивен тренд, односно квартален економски раст од 0,1 отсто.Како што се наведува, во вториот квартал од 2024 година, германската економија падна за 0,1 отсто на годишно ниво, што е веќе петти квартал по ред во кој не е забележан економски раст.

Институтот за економски истражувања IFO од Минхен неодамна објави дека деловното расположение во Германија е намалено трет месец по ред во јули и дека песимизмот моментално владее во сите сектори. Анализите велат дека компаниите биле помалку задоволни од актуелната деловна состојба, а песимизмот во однос на развојот на бизнисот во следните шест месеци е се поизразен.