Електричните автомобили во ги истиснуваат од употреба дизел возилата. Податоците покажуваат дека во последниот квартал од 2019 година барањата за електрични возила пораснале за 81 отсто, односно побарани се 156.805 автомобили. Како причина за досегашната нивна слаба продажба се наведува недостигот на модели од страна на производителите
Електричните автомобили во Европската Унија стануваат сè попопуларни, а дизелот непосакуван. Во последниот квартал од 2019 година, барањата за електрични возила пораснале за 81 отсто, односно побарани се 156.805 автомобили, покажуваат податоците на Европската асоцијација на автомобилски производители – ACEA.
Хибридните возила и понатаму го сочинуваат мнозинството од алтернативните возила во Европската Унија и тоа со раст за 69,2 проценти во однос на истиот период лани, што исто така е големо поместување.
Уште пред да се воведат новите стандарди за емисиите на СО2, новите електрични возила стануваа се попопуларни, а како главна причина за слабата продажба се наведуваа недостатокот на избор од страна на производителите.
И во Германија електричните автомобили полека им го земаат приматот на дизелите. Годинава таму се очекува да бидат произведени половина милион возила на електричен погон, а новина е што европските купувачите ќе имаат избор од дури 175 модели на електрични автомобили.
Цената на дизел возилата постојано паѓа бидејќи дизел возилата со еуро-стандард 5 не можат да се продадат, а слабо оди и продажбата на еуро-стандард 6 половните возила.
Најчесто купувачи на половни дизел возила што доаѓаат од Европска Унија се жителите на Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија кои што немаат стандард да купуваат нови возила или на електричен погон.
Во моментов во Македонија има околу 150 регистрирани плацови за продажба на половни автомобили каде најчесто се нудат возила по цена од 2.500 до 5.000 евра. Просечно во земјава на годишно ниво се увезуваат од 30.000 до 35.000 стари возила.
Според податоците на Европската асоцијација на автомобилски производители – ACEA се наведува дека 3,7 проценти помалку дизел возила се продадени во ЕУ, а дека има 29,5 проценти помалку регистрирани дизел автомобили. Франција, Германија, Романија, Шведска, Унгарија, Белгија и Словенија имаат некој незначителен број на купени дизел автомобили, но и понатаму најзастапени се бензинските возила, судејќи по ЕУ пазарот.