Кошаркарите на ЦСКА Москва се пласираа во финалето во Евролига, откако успеаја да слават во дулот со се уште актуелен шампион, екипата на Реал Мадрид, со 95:90.

„Московјани“ успеаја да ја анулираат негаривата од 14 поени (65:51) и на крајот во драматична завршница да дојдат до победа со која си закажаа финале против тимот на турски Анадолу Ефес, меч кој ќе се одигра во недела.

Најефикасни кај ЦСКА Москва беа Нандо де Коло и Серхио Родригез со уфрлени 23 поени, а кај Реал Мадрид Фабијан Козер постигна 18, а Рендолф 12 поени.