Претседателот на француската кошаркарска лига, Алан Берал, „удри“ по челниците на Евролига.

Франција по пауза од неколку години повторно ќе има претставник во елитното клупско европско натпреварување, а тоа не оди во прилог на домашниот шампионат.

  • Направивме распоред кој ќе биде во склад со европските натпреварувања. На пример, можеме да ја прашаме Лигата на шампиони на ФИБА да го промени распоредот, но со Евролига тоа е невозможно. Поради АСВЕС моравме да промениме 22 натпревара… Евролигата направи се што е во нејзина моќ да не убие, изјави Берал.

Тој посочи дека нема да им дозволи на челниците на Евролигата да управуваат со кошарката во Европа.

  • Ние сме француска лига и тука сме за да ја претставуваме француската кошарка, а не Евролигата. Тука сме заради европската кошарка, европските купови, домашните лиги, но не и за европските лиги. Дали е во ред еден човек да одлучува, а другите само да слушаат? – се запраша Берал.

Првиот човек на ЛНБ-лигата продолжи во ист тон.

  • Мораме многу работи да направиме. Новиот календар во Евролигата е голем противник на сите нас. Тие го одбраа календарот кој им одговараат, само да не нервираат. Потоа отидовме во ФИБА да ги замолиме да ги променат датумите за нивните „прозорци“, прво не се согласуваа, но потоа попуштија и направија промена. Но, тогаш веднаш излезе Лигата на шампионите на ФИБА, кои во тоа време ги стави своите натпревари, па добивме уште поголеми проблеми…, истакна загрижено Берал.

Евролигата започнува на 3 октомври, додека некои клупски првенства, како што е француското, започна минатиот викенд.