Еврокомесарот за проширување Вархеји утре во посета на Тирана

79

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре доцна попладне ќе допатува во Тирана.

Преку објава на социјалните мрежи, евроамбасадорот во Тирана, Луиџи Сореца најави дека Вархеји ќе се обрати пред парламентот, што вчера пред пратениците го најави и претседателот на Собранието, Грамоз Ручи.

„Оливер Вархеји ќе го посети регионот оваа недела за да ги презентира годишните извештаи и економските планови за инвестиции. Тој ќе биде во Тирана утре во 19:10 часот, каде ќе се обрати пред парламентот и ќе се сретне со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. Ќе се сретне и со претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша и соодветните стуктури за ветинг“ ,напиша Сореца.

Неговата посета доаѓа во важен момент кога усвојувањето на измените на Изборниот законик, без постигнат консензус, дополнително ја продлабочува политичката криза во Албанија.

Утрешната е втора посета на Вархеји на Тирана,по онаа на 16 јануари.