ЕВРОВИЗИСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ ТИПУВААТ: Тамара е на 21. место!

118

Времето брзо поминува, а со тоа, кај и да е, еве го и тој ден Д, 16 мај, кога во Израел на евровизиската сцена ќе пее и претставничката на Северна Македонија, Тамара Тодевска. Околу нејзиниот настап се крева голема фрка, што поради спотот во кој се појавуваат нејзината сестра, нејзината ќерка, нејзините другарки, што поради тоа дека за прв пат нашата земја ќе настапи под новото име. Како и да е, коментари има секакви, а Тамара Тодевска ќе ја претставува државата со песната „Горда“ која ќе ја пее на англиски јазик.

Но, до тој 16 мај светските обложувалници работат со засилено темпо. На тие обложувалници Тамара лошо поминува. Северна Македонија од 41 земја учесничка сега-засега го држи дури 21-то место. Зад нас се фаворитите: Чешка, Естонија, Ирска, Германија, Австрија… Најголем фаворит за победа е песната која ја претставува Холандија. Тоа ништо не мора да значи, бидејќи и во изминатите години многу песни кои во обложувалниците освојувале лоши места, на официјалниот натпревар имаа доста висок пласман. Можеби и на Тамара ќе и се посреќи да биде, на пример, меѓу првите пет. Не се знае!  Д.М.