Евакуиран Версајскиот замок – полицијата соопшти: Не се работи за тероризам

36

Полицијата интервенирала во четвртокот попладне во замокот на Версај, потврдиле извори за весникот Фигаро. Според полициски извори, не станува збор за операција поврзана со ризик од тероризам.

Версај беше евакуиран претходно денеска, но според полициски извори, не станува збор за терористички напад.

„Безбедносните сили се на терен. Избегнете ја таа област и следете ги упатствата на надлежните органи“, беше наведено претходно на профилот на официјалната институција на социјалната мрежа Икс.

Медиумите немаат прецизни информации за што точно се работи, но извори велат дека се работи за расправија меѓу двајца продавачи.

Еден од нив наводно бил виден како бега со нож во рака.

По пријавата полицијата ги отстранила сомнежите и интервенцијата била завршена.