На сите 22.000 жители од град на брегот на Езеро Тахо, Калифорнија, синоќа властите им наредија евакуција поради блискиот пожар околу планинскиот превој Еко, дел од масивот Сиера Невада.
Пожарот се шири мошне брзо од запад кон исток и моментално зафаќа територија од речиси 800 квадратни километри. Огнената стигија ги прекинува последните преостанати патни правци што водат од градот кон запад. Во близина на превојот веќе се изгорени повеќе вили и викендички.
Езерото Тахо се наоѓа на границата меѓу Калифорнија и Невада.
Девин Мидлбрук, градоначалник на истоимениот град лоциран во јужниот дел на крајбрежјето од калифорниска страна, јави дека донел тешка одлука за евакуација.
-Тоа е нешто што стои во позадина на мислите и се надеваш дека никогаш нема да се случи. Но еве сега и тука сме соочени со оваа закана за нашата заедница, и ова е нешто за кое како град и заедница се подготвуваме, со надеж дека подготовките се исплатат, изјави Мидлбрук.
-Ова е систематска евакуација едно соседство по ред. Ги повикувам сите во општината на смиреност, изјави Травис Кабак, началник на полицијата.