Д-р Олумчев: Олабавувањето на мерките ќе е индикатор дали стекнавме имунитет

59

„Бројките кажуваат дека нешто се случува во светски рамки, првпат глобално се соочуваме со непозната работа. Крајот се наѕира, што е знак дека нашата популација стекнала имунитет. Би било добро да почекаме еден до два месеци, па да видиме како ќе се однесуваме и ние, но и вирусот. Епидемиолошки сценарија се две – ако е прикриен вирусот може да се појави бран по одморите, но се надевам дека нема да биде така, се надевам дека Ковид 19 ќе влезе во сезонски болести како грипот. Понатаму очекуваме појава и на други вируси, брзиит трансфер на патници ја носи таа опасност. Вакцинацијата тече одлично кај нас, како мала земја здравствениот систем ја прави вакцинацијата одлично. Бев скептик дали народот ќе ја прифати вакцинацијата, но сум пријатно изненаден. Ако стекнеме имунитет до Нова година – тоа би било одлично. Базичниот иднекс на заразени падна по 1, логично е мерките да се олабават. Комисијата за заразни болести одлично ги предвиде сите работи. Ако по 20 дена се појави покачување на бројките, тогаш тоа ќе е индикатор дека го немаме имунитетот“ – вели д-р Сашко Олумчев, епидемиолог во Студио 10 на ТВ24.