Полскиот вицешампион Киелце, имаше победнички старт во Лигата на шампионите, откако на свој терен го совлада Загреб со 30:23. Екс ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев, во натпреварот со хрватскиот тим го одигра првиот дел, но го пропушти второто полувреме. Според информациите на полските медиуми, искусниот Душебаев се здобил со повреда на мускулот и го очекува помала пауза.
Шпанскиот репрезентативец би паузирал шест до седум недели, а тоа значи дека ќе пропушти неколку важни натпревари. Тренерот Талант Душебаев нема да може да смета на неговиот постар син на натпреварите против Нант, Барселона и Магдебург во Лигата на шампионите, како и оној против Висла Плок во домашниот шампионат.
Надвор од терените ѐ и Македа, но неговиот камбек би бил отприлика за две недели.