ДУИ сонува за федерализација на Македонија

Ангажирманот од страна на Интегративците на странски експертски тим, кој го предводи еден од авторите на Охридскиот договор, Пол Вилијамс, деновиве предизвикува реакции во јавноста и партиски препукувања. Од ВМРО-ДПМНЕ се на став дека ДУИ користи етнички поделби како политичка алатка, додека од коалицијата „Вреди“ ја гледаат предложената платформа на ДУИ како обид за заштита на сопствените интереси, а не за решавање на суштински прашања поврзани со Охридскиот договор. Дел од познавачите што ги консултираше весникот ВЕЧЕР се децидни дека резолуциите на ДУИ се само за партиска пропаганда, за да се задржи членството активно и дека Мајскиот договор е историја и дека нема никакви шанси повторно да се активира.

201

ДУИ не се откажува од озаконување на „принципот на коалицирање на победник со победник“, кој токму тие го прекршија во 2017 година, кога одбраа да не коалицираат со победникот кај македонската заедница. Откако веќе не се дел од владејачката коалиција, од Мала Речица критикуваат дека Владата има моноетнички легитимитет, бидејќи за разлика од победникот во македонската заедница, победникот во  албанската заедница – ДУИ останал надвор од неа. Од Европскиот фронт на ДУИ предупредуваат дека албанските граѓани во иднина нема да имаат волја и причина да излезат на избори доколку не се почитува нивната волја изразена преку гласање и со вакви ставови ангажираа странски експерти да испитуваат два модели да изнајдат решение за „непочитување на волјата на гласачите“ по изборите на 8 мај. Се анализираат два модели за уредување на државата – моделот на Белгија и Северна Ирска со кои се предвидува поделба на државата врз основа на региони.

Ангажирманот од страна на Интегративците на странски експертски тим, кој го предводи еден од авторите на Охридскиот договор, Пол Вилијамс, деновиве предизвикува реакции во јавноста и партиски препукувања. Од ВМРО-ДПМНЕ се на став дека ДУИ користи етнички поделби како политичка алатка, додека од коалицијата „Вреди“ ја гледаат предложената платформа на ДУИ како обид за заштита на сопствените интереси, а не за решавање на суштински прашања поврзани со Охридскиот договор.

Политички поени

Министерот за здравство Арбен Таравари кој е дел од Коалицијата Вреди, смета дека идеите на ДУИ за озаконување на т.н. „Мајски договор“ и поделба на државата на региони по примерот на Северна Ирска и Белгија се несериозни со цел прибирање на политички поени. Таравари им порача на ДУИ да бидат конструктивна опозиција.

-ДУИ се паметни кога се во опозиција и што не им текнува. Јас мислам дека ми изгледаат доста несериозни оти 22 години беа на власт, и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ и сите овие идеи можеа додека беа на власт да ги спроведат и сега кога се во опозиција што ќе им текне тоа кажуваат. Јас мислам дека не се сериозни, тоа им е само за политички поени. Ние, посебно политичарите и од позиција и од опозиција, кога зборуваме нешто треба да имаме еден поширок консензус. Јас сум кажал, за се може да разговараме, меѓутоа 22 години ништо не си кажал и сега од опозиција за два месеци имаш големи идеи коишто, искрено се тешко спроведливи. Им посакувам да бидат поконструктивна и попаметна опозија, а не вака да кажуваат работи кои што не држат и тешко поминуваат, рече Тарави.

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на прес-конференција порача дека неможноста на ДУИ да се вклучи во корупција ги навела да поттикнуваат етнички раздор како алтернативна стратегија. Митева рече дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива практиката на рекет на ДУИ.

-Тие утврдија дека нема да бидат на власт за да ги искористат можностите и сега ќе создадат етнички конфликти и поделби. ДУИ до пред месец и половина беше во коалиција со СДС. За тоа време, Али Ахмети изгледаше незагрижен за регионалните поделби во Македонија. Наместо тоа, Ахмети даде приоритет дека „Арберија“ обезбедува тендери, неговиот внук Артан ја купил „Соравија“ и дека фирмите подизведувачи на „Бехтел и Енка“ се поврзани со ДУИ или нејзините филијали, истакна Митева.

Реагираа и од Социјалистичката партија на Македонија. Оттаму велат дека вонинституционалното дејствување на ДУИ е спротивно на демократијата и интересот на граѓаните.

-ДУИ со СДС направија непростивни предавства и злодела кон Македонската држава и народ и затоа беа казнети на изборите. Тие не сакаат да ја прифатат вољата на народот да бидат опозиција и се обидуваат со пазарење за етнички поделби и територијален раздор да извлечат некаква корист. ДУИ ако не е во власта се обидува да ја сруши унитарноста на државата по етнички и територијален принцип спротивно на Уставот што е криминално однесување. ДУИ не го интересираат ни Албанците ни Македонците туку само интересите на криминалната партиска врхушка, велат од СПМ.

ДУИ, како што информираа минатата недела го ангажирале американецот Пол Вилијамс, еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, за да помогне во озаконувањето т.н. Мајски договор за меѓупартиското коалицирање по принципот победник со победник.

Мајскиот договор е историја

Претходно, на состанок на Генералното собрание на партијата во Гостивар, ДУИ усвои преамбула и три резолуции, кои се однесуваат на почитувањето на Охридскиот, Преспанскиот и на Договорот за добрососедство со Бугарија, но и волјата на Албанците изразена на избори според концептот на еднаквост создаван со години. Според ДУИ, тие се легитимен претставник на Албанците во земјава. Во заклучоците од состанокот ДУИ предупредува дека состојбата е „вознемирувачка“, затоа што „волјата на Албанците изразена на последните избори е игнорирана и ова непочитување има тенденција да го уништи концептот на еднаквост создаван со години“. Лидерот на партијата Али Ахмети најави и дека ДУИ од септември ќе започне со спроведување на својата стратегија преку протести пред Собранието и пред Владата и пред други институции, со што ги отвори дилемите за тоа што подготвуваат интегративците, незадоволни од фактот дека во земјава има нова политичка реалност и тие се во опозиција – дали станува збор за демократска стратегија или најава за немирни улични сценарија во земјава?

Дел од познавачите што ги консултираше весникот ВЕЧЕР се децидни дека резолуциите на ДУИ се само за партиска пропаганда, за да се задржи членството активно и дека Мајскиот договор е историја и дека нема никакви шанси повторно да се активира. Според поранешниот амбасадор, Ристо Никовски, неспорно е дека ДУИ ќе прави проблеми, но не е јасно какви и од кои размер. Никовски во изјава за венсикот ВЕЧЕР истакна дека основна цел на ДУИ е рушење на македонизмот, бугаризација на Македонците и федерализација на земјата, но дека нема да успеат. Политикологот Џенур Исени, пак, вели дека не очекува најавените протести воопшто да се случат, бидејќи е нелогично некој да излезе на протест само затоа што не е на власт. Тој смета дека резолуциите на ДУИ се само за партиска пропаганда, за да се задржи членството активно.