ДУИ најави интерпелација за Тошковски

28

Демократската унија за интеграции најави дека ќе поднесе интерпелација до Собранието за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по иницидентите што се случија на Денот на албанското знаме.

-Ако нема оставка ние овие денови до Собранието ќе поднесеме интерпелација против Тошковски и неговиот заменик со која ќе ја докажеме нивната неодговорност, неспособност и штетата што ја нанесоа врз мирот стабилноста и етничката кохезија. Апелираме до граѓаните да бидат мирни и да избегнуваат било какви провокации од одредени структури- изјавија од ДУИ.

ИЗДВОЕНИ