Првиот голман на англискиот премиерлигаш Њукасл, Мартин Дубравка, е најновата желба на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.
Иако клупските челници на „старата дама“ се задоволни од интервенциите на полскиот интернационалец Војчех Шчесни, се погласни се шпекулациите дека Јуве сака да ангажира нов голман за време на летниот преоден рок.
Големата желба на калчо гигантот може да стане реалност само доколку официјалната понуда за услугите на Дубравка не биде помала од 20 мил. фунти.