Влезниците за боксерскиот спектакл на Вембли, каде минатитот викен се одржа пресметката за титулата во тешка категорија на ИБФ меѓу шампионот Даниел Дубоа и Ентони Џошуа, беа продадени за многу кусо време.
Дури 96.000 гледачи беа сведоци на фантастичната победа на Дубоа со нокаут во петтата рунда, а атмосферата на стадионот дополнително ја вжешти Лијам Галагер од Оазис во неговиот музички соло настап.
Нема дилема дека целокупната спортско-музичка манифестација им донесе убав профит на организаторите, а сега се знае и колку добија главните актери на вечерта Ентони Џошуа и Даниел Дубоа.
Имено, нивната заработка била поделена 60-40 во корист на Еј Џеј. На Џошуа му беа гарантирани седум милиони евра, а на Дубоа четири милиони.
Но, ако бројките на ППГ надминат еден милион, нивната заработка може великодушно да се зголеми. Тогаш Џошуа би добил 30, а Дубоа многу помалку, 12 милиони евра.