Во епска борба за шампионскиот појас во ИБФ, во тешка категорија, Даниел Дубоа успеа да го победи Ентони Џошуа и да ја одбрани светската титула. Пред дури 96.000 гледачи на полн Вембли, Дубоа успеа да го нокаутира Џошуа, што беше четврти пораз во кариерата на Британецот. Дубоа ја забележа 22. победа и по вторпат успеа да го земе појасот, бидејќи пред тоа во борбата за трофејот го совлада Хрватот, Филип Хрговиќ.

Победникот доминираше од самиот старт, испраќајќи го двојниот светски шампион Ентони Џошуа на паркетот во првата рунда со удар со десната рака.

Се обиде да ги преживее нападите на ривалот, но во првите три рунди двапати падна, а кога му зададе неколку удари на противникот во четвртата рунда, сите се надеваа дека борбата ќе биде продолжена. Сепак, тој беше соборен на крајот од четвртата рунда, а на почетокот на петтата се беше готово.

Дубоа отвори со наплив на удари, а едно задно кроше го реши Џошуа. Кога падна не можеше да стане и прашање е дали по овој пораз 34-годишниот може да се надева на шанса повторно да боксува за титулата. Што се однесува до Дубоа, ќе го гледаме уште долго, а после Џошуа и Хрговиќ, следен противник би можел да биде Тајсон Фјури или Александар Усик.