Дрон погоди магацин за гориво во Русија, се крева црн чад – горат 12 контејнери/видео

51
Фото:принтскрин/Х видео

Украинци со беспилотни летала нападнаа складиште за гориво во округот Волоконовски во Белгородската област, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

„По експлозијата се запалија 12 контејнери за складирање. Итните служби работат на теренот“, напиша Сергеј Бикетов, началник на областа Волокон на својот канал Телеграм.

Гладков потврди и дека на местото на настанот работат пожарникари и дека се уште се расчистуваат информациите за последиците од ударот.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа густ, црн чад како се издига над магацинот.

 

 

Регионот Белгород се наоѓа веднаш на границата со Украина и затоа е честа цел на украински напади.