Дронови истураат течен метал врз војници и буквално ги топат – двојно е поврел од вулканска лава/ВИДЕО

1163

На интернет се појави застрашувачко видео од линијата на фронтот во Украина на кое се гледа како беспилотно летало истура течен метал врз војници кои се кријат во дрвјата.

Дронот полека прелетува преку дрворедот и остава огнена трага, а Киев Индипендент пренесува дека и украинскиот и рускиот Телеграм канал тврдат дека нивната армија е одговорна за оваа ужасна новина во воената употреба на беспилотните летала.

„Дифенс експрес“, украински медиум фокусиран на воени прашања, објави дека дронот е испратен од 108-та бригада за територијална одбрана и дека снимката е направена во близина на селото Украинска во регионот Запорожје.

Се вели дека огнениот столб што се гледа на видеото е стопен термит, мешавина од алуминиум и железен оксид или ‘рѓа.

Newsweek известува дека, кога ќе се запали, достигнува температура од повеќе од 2.200 степени Целзиусови, што е двојно пожешко од стопената лава.

Видеото е објавено и на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) на сметката OSINT Technical која ги следи воените настани во Украина.

-Источна Украина, беспилотно летало на Украинците фрла стопен термит на дрворедот што го држат Русите и го запали – пишува во објавата што ја придружува видеото.